Мечка е усмртена од возило на патот Гостивар – Охрид

Од:

Мечка е усмртена откако во неа изутрина удрило возило на патниот правец Гостивар – Охрид, а нема повредени лица.

Според пријавата на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, сообраќајната несреќа се случила во 5.37 часот кај вториот каменолом на патот Гостивар – Охрид.

– На местото на несреќата, присутни се полициски службеници од полициска станица Гостивар и увидна екипа. Исто така, известени се и Националниот парк Маврово и ТППЕ – Гостивар за отстранување на починатата мечка од магистралниот пат, информира Регионалнит центар за управување со кризи – Тетово.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски