МД „Илинден”-Тирана ќе учестува на 62 конгрес на ФУЕН

Од:

Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана ќе учестува на 62-от Конгрес на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, што ќе се одржи од 17-ти до 21-ви овој месец во Клуј-Напока, Република Романија.

– Конгресот го организира Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, асоцијација која го застапува унгарското малцинство во Романија. Ќе учествуваат 250 претставници на малцинствата од цела Европа. Ова е уште една добра можност прпадниците на малцинствата да се сретнат, да разменат мислење и искуства, но и со политичари, експерти и носители на одлуки, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и учесник на Конгресот.

Според него на собирот се очекува да биде донесена Резолуција за положбата на Македонците во Албанија, како и одлука, веб страницата на ФУЕН да биде и на македонски јазик.

Македонското друштво „Илинден” рамноправен член на ФУЕН е од средината на мај 2015 година, кога беше донесена едногласна одлука од страна на Генералното собрание на ФУЕН, на 60-от Конгрес на оваа асоцијација, одржан во Комотини, Република Грција. На тој начин МД „Илинден“ стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава во Европа, што стана рамноправен член со право на глас.

Во ФУЕН членуваат повеќе од 90 дрштва на прпадници на малцнства од 32 земји во Европа.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Илинденското востание е врвен аманет

Горан Наумовски

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден

СДСМ поднесе Декларација за најголемиот македонски државен празник Илинден

Општина Аеродром: Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево