МД „Илинден“ распиша конкурс за дизајн на лого по повод 10-годишниот јубилеј

Од:

Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана распиша конкурс за дизајн на лого по повод 10-годишнината од неговото формирање.

Според претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај логото треба да ги одразува досегашните активности на друштвото.

– Логото ќе се користи во текот на 2017-2018 година. Предложеното лого треба да биде изработено компјутерски во висока резолуција, да има  концизно објаснување на предлог- дизајнот и основни податоци за дизајнерот, додава Ѓурѓај.

На натпреварот можат да учествуваат средношколци, студенти и млади уметници, делата мора да бидат оригинални, необјавени, а авторот ќе биде одговорен пред Законот за автентичност, а ќе бидат прифатени само индивидуални учесници.

Авторот на предлог-логото може да биде од земјата и од странство, а предлозите треба да се достават на е-пошта: [email protected], најдоцна до 29 декември 2016 година.

Предлозите ќе бидат објавен на 31 декември 2016 година, по што ќе има едномесечно гласање од страна на членовите на Друштвото, поддржувачите и други заинтересирани лица.
Во условите за учество на конкурсот е наведено дека победникот ќе биде избран од страна на комисијата и од гласањето на социјалните мрежи.
Првонаградениот ќе добие 100 евра и благодарница „Илинден“, додека второ и трето пласираниот ќе добијат  благодарница „Илинден“ и сувенири.
По завршувањето, победникот на конкурсот мора да даде изјава за откажување од правото на користење на лого, по што логото станува сопственост на Македонско друштво „Илинден“ -Тирана.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ги повикува сите заинтересирани да достават свои предлози.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Македонија го одбележува Илинден

А1он