МД „Илинден“: Македонците во Ербле, Долно и Горно Крчиште без основни услови за живот

Од:

Македонско друштво “Илинден” со седиште во Тирана преку соопштение за јавноста ја изразува големата загриженост за положбата на Македонците во Ербеле, Долно и Горно Крчишта, област Поле,општина Маќелара,околија Пешкопеја.

Како потврда за ваквиот став Dруштвото го наведува фактот дека во последните 25 години малку или речиси воопшто не е инвестирано во овие села населени со македонско население.

Патната инфраструктура, стои во сооштението, е во лоша состојба, и несфатливо е во 21. век да нема асфалтиран пат, што е главната причина за слабиот економски развој на селата, нема водовод, канализација и што е најтрагично нема ни здравствени амбуланти, кои нормално фукционираа во периодот на комунизмот.

– Дополнителен проблем за македонското малцинство е фактот што децата не може да го изучуваат мајчиниот јазик во училиште, иако со меѓународните конвенции за човекови права тоа нешто е решено, се додава во соопштението.

Токму поради немање основни услови за живот и егзистенција, стои во сопштението, македонското население е принудено иако со тешко срце да ги напушта родните огништа на нивните татковци, дедовци и прадедовци.

-Отворено ја повикуваме Владата и локалните власти на општина Маќелара и околијата Пешкопеја итно да преземат соодветни мерки за подобрувањо на состојбата. Исто така, сметаме дека досегашното однесување кон овие села и тамошното население значи кршење на основните човекови права загарантирани со меѓународните конвенции, стои во соопштенето на МД„Илинден“ потпшано од претседателот Никола Ѓурѓај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски