МД „Илинден“ додели благодарници по повод осум години од основањето

Од:

По повод осумгодишнината од основањето македонското друштво „Илинден“-Тирана додели благодарници на поединци и институции за нивни заслуги за зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Благодарници добија Македонска правиславна црква – Охридска аерхиепископија, Македонското меѓународно движење за човекови права-Торонто, Канада, Беќир Ала, активист во село Требиште, областа Голо Брдо и поранешен советник во Општина Требиште од МАЕИ, Мартин Бибовски автор на логото по повод јубилејот од формирање на друштвото, како и Иќмет Ислами, активист од село Мало Острени, Голо Брдо.

– Сите дадоа непроценив придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичната македонска традиција. Со тоа, помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на македонско друштво „Илинден“, вели претседателот на МД „Илинден“ Никола Ѓурѓај.

„Илинден“, потенцира Ѓурѓај, постојано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на Македонците во Албанија.

Mакедонско друштво „Илинден“ е формирано на шести февруари 2009 година во Тирана.

Би можело да ве интересира

Државна делегација предводена од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска во манастирот Прохор Пчински

Сиљановска-Давкова од Мечкин Камен: Македонската држава не е стебло без корен, таа е вкоренета во демократските и хумани визии на Гоце Делчев и неговите соборци

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Катерина Ѓуровски