Маж сакал да постави експлозив пред куќа во тетовска Мала Речица

Од:

Приведен е 52-годишен жител на село Мала Речица, тетовско, кој бил пријавен од друго лице од тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа. Полицијата покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот пронашла две неексплодирани рачни бомби, информираат од МВР.

– Денеска во 3.20 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Г.Ц. (52) од с.Мала Речица, тетовско, кој бил пријавен од лице од тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа, а околу 10.15 часот покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот, полициски службеници пронашле две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати, информираат од МВР.

Лицето Г.Ц. е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Гранати најдени во Куманово и Отешево

Тепачка во Мала Речица: 55-годишен маж го истепа помалиот брат

Кај беровчанец најден експлозив и бавногоречки фитил

Работници при ископ на водовод откриле гранати од војната во 2001 година

Горан Наумовски

Дигнаa во воздух банкомат во Чаир – до парите не дошле, но од силната експлозија оштетени три возила

А1он