Маж од Пробиштип се обидел да силува 18-годишно девојче од Штип

Од:

На 11.02.2018 година околу 04.00 часот во Штип, Д.Н. (40) од Пробиштип извршил силување во обид над К.Д. (18) од Штип.

Д.Н. преку СМС пораки и се заканувал на К.Д. дека, доколку не дојде кај него, ќе оди кај нејзините родители и ќе и направи сериозни проблеми. После тоа, таа отишла кај него и Д.Н. се обидел со сила да ја натера да имаат сексуален однос. Тој и ја удрил главата во ѕид нанесувајќи и неколку удари со тупаници во пределот на главата и телото, но К.Д. успеала да побегне. Од страна на лекар бил извршен преглед над К.Д., констатирани и се телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Д.Н. бил приведен и задржан во СВР Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“, казниво по член 186 во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Локализиран e пожарот кај селото Гујновци во Пробиштип

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски