Маж од Кочани чувал нелегален пиштол и муниција дома – полицијата дознала и му извршила претрес, приведен е

Од:

45-годишен маж од Кочани нелегално чувал пиштол и муниција во својот дом. Полицијата добила информација дека мажот поседува оружје без дозвола и добила судска наредба да изврши претрес во неговиот дом.

Претресот е извршен вчера, при што полицајците пронашле пиштол Црвена Застава како и 50 куршуми.

Во официјалната информација од МВР се вели:

„ На 18.05.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.Н.(45) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.65 мм и 50 куршуми калибар 7.65 мм за кои не поседувал дозвола.“

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби