Маж исчезнал во водите на Вардар кај Фондот за ПИОМ

Од:

Маж вчера попладне паднал во реката Вардар во близина на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, по што се претпоставува дека се удавил, а телото се уште не е пронајдено, соопшти полицијата.

„На 07.03.2021 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кејот на реката Вардар, во близина на ПИОМ, машко лице паднало во водата. Од извршените пребарувања, телото не е пронајдено,“ се вели во полициското соопштение.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Во денешниот полициски билтен се јавува и за тело на починато лице на брегот на Вардар во скопското село Долно Лисиче, кое било пронајдено вчера околу 15 часот. Од МВР не откриваат ништо повеќе за овој случај, освен дека по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Извадено e женско тело од водите на Вардар

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути