Матурантите ќе го продолжат бојкотот, бараат поддршка од пратениците

Од:

Очекуваме и бараме поддршка од сите пратеници и сите политички партии за нашите барања во врска со државната матура, затоа што овие барања не смеат да бидат политизирани, изјави денеска претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи по состанокот што Сојузот го одржа со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што информира Ходаи, Генералното собрание на Сојузот на средношколци на денешниот состанок што ќе се одржи попладнево ќе одлучи дали ќе бојкотираат или протестираат во текот на наредните денови. Сепак, како што додаде, во понеделник нема да се вклучат во наставата.

-Тоа што го знам е во понеделник е сигурно дека нема пак да се вклучиме во настава затоа што матурантите низ целата држава се фрустрирани и ние не можеме да носиме одлуки против нивниот интерес, додаде Ходаи.

На средбата со групата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, се дискутирало за барањето на Сојузот за државната матура, поточно за намалување на бројот на предметите од четири до два.

Ходаи потсети дека во четвртокот доставиле писмо за поддршка до сите пратеници во Собранието и како што рече, и наредниве денови ќе бараат поддршка за нивните барања да бидат дискутирани во јавна дебата во Собранието.

-Ние денеска како Сојуз на средношколци сме многу отворени за сите да ги дискутираме нашите барања со сите пратеници на сите политички партии затоа што сметаме дека овие барања не треба да бидат политизирани. Ова е нешто што го сака мнозинството на матуранти кои се во нашата држава, додаде претседателот на Сојузот.

Игор Здравковски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со Сојузот на средношколци изјави дека го примиле барањето од Сојузот и оти како ВМРО-ДПМНЕ и како дел од Комисијата за образование и наука и спорт која што е матично тело во ова Собрание одговориле на ова барање.

–Како ВМРО ДПМНЕ сметаме дека апсолутно имаат право да си ги бараат своите средношколски права поради сите овие околности коишто се настанати од ковид пандемијата. Со ова не се прекршува ниту Уставот, ниту законите и затоа имаат асполутна поддршка. Ќе пробаме да ги искористиме сите алатки кои ни стојат на располагање за да ги актуелизираме ова прашање, додаде Здравковски.

Би можело да ве интересира

Казанџиска: Училиштата се подготвуваат за новиот начин на полагање на државна матура

За да нема препишување и споделување одговори, државна матура ќе се полага во спортски сали и холови

Катерина Ѓуровски

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска

ДИЦ: Матурантката од СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид не полагаше државна матура бидејќи не беше пријавена од Училишната матурска комисија

Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ

Почнува полагањето државна матура