Матичните лекари со сила и уцени ги терале да пополнуваат недостаток на кадар

Од:

Синоќа, сите лекари од примарната здрваствена заштита биле повикани на состаноци во подрачните општини и во град Скопје на кои им било објаснето дека треба да покријат смени во поликлиниките во саботите од 7:30 до 19:30 часот, дознава А1.

Од Здружението на приватни лекари на Македонија кои го упатиле повикот и кое се јавува како посредник во оваа идеја им било кажано дека е договорено со Фондот за здравство и со Здравствен дом да се покрива на овој начин недостатокот на кадар за дневни снмени во саботите, веќе бил изготвен на своја рака и список на кој се ставени лекари по поликлиники каде ќе дежураат од 1 ви декември.
„Ова е насилство“, реагираа неколку лекари во А1.

„На овој, начин велат тие, сакаат да ги искористат матичните лекари и тоа со анекс договори кои ќе одат преку Фондот за здравство дека прифаќаат дежурства. Велат дека се работи за класична уцена и рекет со оглед дека тие што нема да потпишат нема да добијат договор со Фондот за 2013 година, а со тоа нема да можат да работат натаму.

Дел од лекарите реагирале, посебно што нема одговор на прашањето што е со вишокот часови што ќе ги работат вака и кој ќе ги плати? Која е обврската на работодавецот, во чие име ќе дежураат, во име на установата каде што се вработени или пак како лекар поединечно? Дали Министерството за здравство има став околу ова? Дали постои решение кое треба секој лекар да го потпише и по кој правен пропис е објавена листа на лекари кои се обврзани за дежурства на web strana на ова всушност, Здржение на граѓани за кое тврдат дека има политичка заднина односно е од партијата на власт.

Лекарите велат дека има многу повреди на законот, но оправадувањето било дека можат да се жалат во Фондот. За нив е чудно, што ако има недостаток на кадар во дежурната служба на ЈЗУ Здравстен дом за дневни смени , дежурствата по закон ги организира Здравствен дом, а не Фондот, а уште помалку Здржение на граѓани. Според нив, сите вработени во ПЗУ немаат обврски кон ЈЗУ Здравствеен дом, но се под притисок да не се бунат зашто ќе останат без договор и работа.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот