Матичните лекари сами се штитат од коронавирусот со апели пациентите да не доаѓаат во ординациите

Од:

Матичните лекари со апели и молби се обраќаат до пациентите, непотребно да не доаѓаат во нивните ординации, со цел да се заштитат од коронавирусот. Ваквите објави по социјалните мрежи, доаѓаат откако вчера, во карантин се ставени 200 луѓе поради контакти со заболената директорка на Универзитетската клиника за дерматологија Нина Цаца Биљановска. Лекарите велат само на ваков начин можат да се заштитат тие и нивните блиски, но и да се намалат ризиците за изложување на ризик од коронавирусот. Засега само има препорака да не се оди кај матичните лекари, на што тие велат, дека неретко и не се почитува. Министерот Венко Филипче, не кажа колкава опасност се пациентите со неспецифична респираторна инфекција, вејеќи, дека со ограничувањето на движењето на хрнонично болните, ќе се намалат директните контакти со матичните лекари.

Почитувани пациенти со должна почит кон сите Вас , во мое лично име ,во име на д.р Моника Јариќ Бојкоска и во име на…

Posted by Aneta Janakieska-Dimeska on Понеделник, 09 март 2020

„Почитувани пациенти со должна почит кон сите Вас, во мое лично име, во име на д-р Моника Јариќ Бојкоска и во име на П.З.У ОРТОМЕДИКА сакам да упатам молба до сите Вас. За било каква потреба од медицинска помош претходно да не контактирате на нашите телефонски броеви, ‘Месенџер’ или ‘Вибер’. Ви стоиме на располагање 24 часа. Се со цел да се заштитиме сите и нашите блиски, и да ги намалиме непотребните изложувања на ризик од COVID 19 вирусот“, стои во една од објавите на социјалните мрежи.

СООПШТЕНИЕ!!!???Поради опасноста од ширење на вируси, избегнете непотребни престои во медицинските установи. Доколку…

Posted by Poliklinika na primarno nivo Dr.Katerina Damevska on Понеделник, 09 март 2020

Дел од докторите по општа медицина, сметаат дека тие се најнезаштитени во овој момент, бидејќи во нивните ординации доаѓаат пациенти со секакви симтоми, од покачена температура, кивање, кашлица, а неможат да бидат сигурни дали имале контакт со заболени лица со коронавирус. Некои од нив сметаат дека Лекарската комора итно треба да превземе конкретни чекори за нивна заштита, а тоа да не бидат само препораки за кои пациентите ќе одлучат дали ќе ги испочитуваат.

Како м.сестра која има искуство во пренос на инфекции кажуавам: Седете си по дома! Не користете јавен превоз,ако не…

Posted by Julija Jovanco Jovanovska on Понеделник, 09 март 2020

Министерството за здравство вели дека од појавата на коронавирус апелираат да не се оди на матичен лекар, но оттаму, не прецизираат дали ќе побараат Владата да усвои решение со кое ќе се воведе дополнителна рестрикција. Запрашани зошто на матичните лекари не им се поделени средства за дезинфекција, тие образложија дека приоритет се јавните установи.

„Од самиот почеток мерките се воведени и се препорачува секој да е совесен и да ги прати препораките кои укажуваат да не се оди на матичен лекар како би се избегнале ситуации во кои тие се ставаат во директен контакт и ризик со можно заболени пациенти“, велат од МЗ за „А1он“.

Од Лекарската комора и Фондот за здравство нема одговор дали ќе предложат задолжителни мерки за заштита на матичните лекари, за да се намали или целосно избегне контактот со пациентите, со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска