Матичните лекари разочарани: Владата нè прескокна за финансиска поддршка, а цела пандемија сме во првите редови

Од:

Матичните лекари се разочарани затоа што не добиле кризна финансиска поддршка од државата. Како што вели Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Македонија, примарното здравство го понесе најголемиот товар, но наградено е само јавното здравство.

Според Чолакова Дервишова, секаде во соседните држави здравствените власти им дале финансиска поддршка и на лекарите и медицинските сестри од примарното здравство, но тоа не е случај и кај нас.

-Игнорантскиот однос не е добар зашто бројката на вработени во примарно здравство којашто е столбот на целокупниот здравствен систем и огромна. Сметаме дека во време на пандемија со Ковид дадовме и давaме максимална поддршка, работиме со Ковид пациенти, се повикуваат на контрола се закажуваат прегледи, линкот и менаџирањето беше преку примарниот доктор, анкетирањето и алгоритмите за тестирање беа преку матичниот доктор,како и закажување за тестирање.Така што целокупното менаџирање и тријажирање во пандемијата со Ковид паѓа на терет на примарно здравството. Не смее никој да каже дека матичните доктори не работеле и не дале поддршка со Ковид пациентите. Напротив најголемиот број на пациенти коишто се третирани и излекувани паднаа на грбот на матичните доктори и затоа не е во ред да не бидат наградени, потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Таа посочува дека матичните лекари работат и на испраќање пациенти на комисии, скенирање документи, закажувања, продолжување на нега и боледувања. Огромна е, смета таа, обврската и работата на секој матичен лекар во вакви услови.

-Телефонското примање повици од пациенти и целовременото наше јавување на телефон и примање огромен број порачки, многу исцрпувачки делува на овој дел од персоналот. Така што е веќе неиздржливо во исто време да прегледувате, во исто време да примате порачки и затоа нешто мора да се направи. Мора да се сочува примарното здравство. Имаме толку многу обврски, а од надлежните досега не ни е дадена никаква поддршка, реагира Чолакова Дервишова.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните