Матичар од Гостивар обвинет за злоупотреба на службена положба

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против 42-годишно службено лице – виш референт – матичар во Подрачна канцеларија Гостивар за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Како што соопшти Јавното обвинителство, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, обвинетиот, спротивно на одредбите од Законот за заштита на личните податоци и од Законот за матична евиденција, издал извод од книга на венчани и три изводи од матична книга на родените иако знаел дека лицето на кое ги издава документите не е законски застапник или полномошник на лицата на кои тие документи се однесуваат.

Со ова обвинетиот ја искористил својата службена положба и неовластено ги открил и направил достапни личните податоци на лицата содржани во изводите.​​

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари