А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Масовна тепачка на хепенингот „Безбедни училишта“

by А1он26/09/2013 - 22:0227/09/2013 - 13:57150
Share0

Тепачка во дворот на средното училиште „Нико Нестор“, за време на спроведување на проектот „Стоп на насилството“ во Струга“. Во инцидентот учествувале две групи деца сите од албанска националност кои живееле во Струга, но и во околните струшки села.

Следете a1on на Instagram Instagram

На тепачката и претходела караница, која најверојатно се разгорила поради претходна нетрпеливост помеѓу двете групи. Полицијата веднаш интервенирала и ги разделила разбеснетите ученици со што спречила омасовување на тепачката.

Инцидентот го потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски. Тој информира дека инцидентот се случил во 13.00 часот и дека во него учествувале 12 ученици сите од албанска националност. Портпаролот додава дека на информативен разговор во полициската станица во Струга бил повикан еден ученик, за кој се смета дека е организатор на тепачката.

Со име и презиме се знаат сите деца учесници во инцидентот и утре заедно со своите родители ќе бидат повикани на информативен разговор по полициската станица во Струга, вели портпаролот Димовски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој додава дека повредени во инцидентот нема.

Тепачката во Нико Нестор се случила за време на средношколскиот хепенинг „Безбедни училишта“ што денеска под мотото „Стоп на насилството“ се спроведе и во Струга. Целта на проектот кој го спроведува МВР е превенирање на насилството меѓу младите.

Мики Трајковски

mvrstruga

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски12/10/2026 - 13:5412/10/2026 - 15:16

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 11:4709/10/2026 - 14:27

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он08/10/2026 - 12:34

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео