Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија денеска во Спортско-рекреативнот ценатар на езерото Треска во Сарај ќе ја организира четвртата Масовна средба во природа на лица со телесен инвалидитет.
На масовниот излет ќе присуствуваат околу 400 лица со телесен инвалидитет од 17 градови во Македонија. Целта на средбата е да се промовираат правата на лицата со телесен инвалидитет и нивна целосна интеграција во општеството.
– Средбата во природа се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“ со што сакаме да испратиме порака дека обединети и организирани имаме сила да се избориме за нашата позиција во општеството како еднакви со другите. Тоа го правиме достоинствено како наше право и обврска на општеството кон нас, соопшти Сојузот.