Мартина Михајлова и Александар Пендароски избрани за невеста и зет на Галичката свадба 2026

Од:

Мартина Михајлова и Александар Пендароски се избрани за невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“. Одлуката ја донесе Советот на Месната заедница Галичник откако ги разгледал сите пристигнати апликации.

Месната заедница Галичник им го честита изборот на годинашните младенци на Галичката свадба и, како што соопшти, верува дека „ Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник“.

-Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката тешка и особено предизвикувачка. Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник – место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност. Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар. За нив ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените, се наведува во соопштението на МЗ Галличник.

Би можело да ве интересира

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се невеста и зет на годинашната „Галичка свадба“

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска годинешни зет и невеста за Галичката свадба

Катерина Ѓуровски

Патот уште е непрооден, тројца жители на Галичник се отсечени од светот

Катерина Ѓуровски

Поради снег, Галичник е три недели отсечен од светот, сега снема и струја

Патот Маврово-Галичник уште е непрооден

Мечки превртуваат контејнери во Галичник барајќи храна: Жителите исплашени да не бидат нападнати

A1on