(ВИДЕО) Марш за здраво семејство: Децата во хомосексуални бракови се склони кон самоубиство и депресии

Од:

Со зурли и тапани, оро и молитви почна маршот за здраво семејство, кој се организира како контра-собир на првата Парада на гордоста.

Собраните пеат духовни песни, се прекрстуваат и носат пароли „Брак, семејство, иднина“, „И плодот во утробата има права“, „Полот и родот е биологија, не идеологија“, „Мајка и татко -темел и покрив“. Нив ги придрижуваат свештеници од МПЦ, чесни сестри од римокатоличката црква, како и припадници на муслиманската заедница, евангелистичката цркца и методостичката црква.

Горан Илиев, кој е пастор во евангелистичка црква изјави дека тие строго стојат зад традиционалните вредности и поддржуваат брак помеѓу еден маж и една жена.

„Следиме анализи и истражувања, за децата кои растат во хомосексуални бракови. Тие анализи покажаа дека децата кои растат со двајца машки и женски родители се збунети и не може да се снајдат во општеството, склони кон самоубиства и депресии, затоа што човекот кога е без една рака, сака да ги има и двете. Затоа сметаме дека детето треба да има мајка и татко“, изјави Илиев.

Ивица Тодоров, од МПЦ рече дека тие немаат ништо против луѓето кои ја одржуваат парадата, ниту пак против нивната сексуална оријентација, но сметаат оти биле заведени од одредени центри на моќ и се манипулира со нив.

„Некој има интереси од ова, а нив ги користи како цел. Затоа ние преку овој марш сакаме да покажеме дека сме чисти во намерите. Овој марш е надпартиски, надверски и ја покажува смислата на вредностите кои ги дал Бог“, рече Тодоров.

Собраните од црквата Пресвета богородица во Центар ќе се упатат кон Соборниот храм.

Би можело да ве интересира

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Англиската црква се извини поради третманот на лицата од ЛГБТ заедницата: Длабоко ни е жал

А1он