Марш за правата на жените под слоганот „Ти не си виновна!“

Од:

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, денеска напладне во Скопје под слоганот „Ти не си виновна!“ ќе почне четвртиот марш за правата на жените.

Настанот е во организација на Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, а оваа година поттикнати од случајот „Јавна Соба“, ќе маршираат гласно и недвосмислено за жртвите на родово базирано насилство.

Маршот, како што наведуваат организаторите, ќе се одвива според однапред определена рута, тргнувајќи од плоштадот „Филип Втори“, преку Камениот Мост, плоштад „Македонија“ до паркот „Жена Борец“, и ќе завршат со перформанс за поддршка на жртвите.

-Оваа година маршираме под слоганот „Ти не си виновна!“, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, се наведува во соопштението на Платформата за родова еднаквост.

Би можело да ве интересира

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Се откажуваат патувањата за 8 март: На граѓаните им доцнат пасошите, агенциите веќе ги платиле хотелите

Орце Костов

„Држава што не постапува е држава што силува“ – протестен марш по повод Меѓународниот ден на жената

Жарко Настоски

Спасовски: Горд сум што има повеќе жени во полицијата и во командните структури

Жарко Настоски