„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

Од:

Системот убива – институциите молчат“ беше мотото на денешниот, шести протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што го организираа семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“.

Токму поради молкот на институциите, на овој марш немаше јавно обраќање на никој од родителите на децата кои ги загубија животите во огнената стихија.

Во долга колона, во која поддршка дадоа и членови на движењето „Кој е следен?“ и граѓани од други градови во државата, во 16 часот и 5 минути учесниците тргнаа од Паркот на Револуцијата кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството. Со транспаренти „Нема трагедија, има злосторство“, „Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“ и „Пратеници, голема (не)благодарност за поддршката“ присутните го искажаа револтот и незадоволството од бавната и задоцнета реакција на надлежните институции.

Во чест на загинатите во „Пулс“, меѓу кои имаше и неколку келнери, се одржа симболична трка на келнерите во која се вклучија неколку локални угостителски објекти.

-Ова не е натпревар, туку гест на почит и хуманост, за да им се поклониме на нашите сограѓани, нашите колеги, нашите херои кои настрадаа или се здобија со повреди во трагедијата. Тие работеа со насмевка и пожртвуваност, а кога дојде најтешкото тие беа таму до крај. Секој наш чекор е сеќавање на нив и нивното достоинство. Ја делиме болката со нивните родители, браќа, сестри, партнери и пријатели, затоа што нивната загуба е и наша загуба. Не молчиме, туку стоиме заедно со сите родители, а собраните средства се важни, но поважна е пораката што ја испраќаме. Никогаш нема да ги заборавиме и нивните приказни ќе живеат низ нас, истакна Јане Гицев, организатор на трката на келнерите.

„Маршот за ангелите“ заврши на почетната точка во Паркот на Револуцијата, каде присутните со едноминутен молк во чест на починатите, а потоа и со громогласен аплауз им искажаа благодарност на учесниците кои им даваат поддршка на семејствата.

Би можело да ве интересира

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа