Марш на мирот денеска во Скопје: „Сребреница – Совеста на светот“

Од:

Бошњачката културна заедница во Република Македонија, денеска по повод 19 години од геноцидот во Сребреница организира Марш на мирот насловен „Сребреница – Совеста на светот“.

Беше предвидено маршот да се одржи на 11 јули, кога насекаде во светот се одбележува ова најголемо масовно убиство во Европа по Втората светска војна, но поради најавените масовни протести поради случајот „Монструм“ овој настан е одложен.

Целта на настанот е да покажеме дека и Скопје се сеќава на Сребреница, истакнувајќи дека овој грозоморен чин треба да се сочува од заборавот, и никогаш,никаде на никого да не му се случи тоа што им се случи на Бошњаците од Сребреница во 1995 година, велат од Бошњачка културна заедница во РМ.

Во 14:30 часот маршот тргнува од Мурат-пашина џамија, која се наоѓа во Старата скопска чаршија, ќе се движи кон фонтаната Филип II и во 15 часот застанува на Камениот мост каде пред пресутните медиуми ќе се прочита Меморандумот за жртвите на Сребреница.

Би можело да ве интересира

Кинескиот амбасадор во ОН: Резолуцијата за Сребреница не е во согласност со реториката за мир и стабилност

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Договорен текстот на резолуцијата за Сребреница – ќе се гласа во Обединетите нации

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов