Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок

Од:

Нотирано е во одредени маркети зголемување на бруто маржата, споредбено со минатата година од 2 до 5 отсто и тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво, истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање до каде се преговорите со маркетите и дали ќе има намалување на цените на прехранбените производи.

-Да, да бидам конкретен со пример – ако минатата година во јуни месец бруто маржата била 10 отсто, сега е 12 или 15 проценти. Тоа се тие дополнителни 2 до 5 проценти и тоа ние нема да го толерираме и многу јасна порака ќе испратиме кон тие. Кога би се намалиле тие 2 до 5 отсто, тогаш практично, ние би биле земја со најниска инфлација во Европа, во овој момент, иако очекувам стабилизирање на инфлацијата во јуни месец, многу помала вредност во споредба со мај и со април-изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека за една недела треба да се објават тие параметри, врз основа на бројките кои што ги добиваат од Државниот пазарен инспекторат.

– Исто така, ја дефинираме онаа група од 600-700 производи, каде што правиме анализа, таму ќе ни треба малку повеќе време, бидејќи се влезни-излезни фактори, маржа која што ја имаат дистрибутерите и производителите, визави бруто маржа, која што ја имаат ланците маркети. Малку е посложена анализата, лично јас ја работам, така што можеби ќе ни треба малку повеќе време – подвлече премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите реформи од Реформската агенда ќе бидат завршени до декември

Мицкоски: Растот на индустрискиот промет и извозот се охрабрувачки сигнали

Горан Наумовски

Измените на Кривичниот законик треба да ги надминат последиците од решенијата на СДСМ и ДУИ, нема да важат ретроактивно

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Ќе се обидеме да нема алармантно поскапување на парното, ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани,

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата