Мариово гори шести ден

Од:

Шести ден, пожарот во Мариово не покажува знаци на смирување, а огнената линија од преку 30 километри, нема намалување. Преку 200 професионалци се насочени огнената стихија да не влезе во населените места и објектите. Од прилепскиот кризен штаб уверуваат дека вчерашните кризни моменти околу селото Крушевица и кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец се надминати, но, има одбрана и околу „Свети Димитрија“ во Селце и во Дрен – Смолани.

Ирена Стерјоска Локвенец, началник на прилепскиот кризен штаб, информираше дека одбраната од пожарот најмногу е концентрирана околу Крушевица, кон селото Дуже, над селото Прилепец, а кај селото Селце го чуваат манастирот „Свети Димитрија“.

– Тимовите работат интензивно кај Дрен и Смолани за пожарот да не се прошири во кавадаречкиот регион, а на располагање во вкупните сили денеска се 100 припадници на АРМ, 30 од специјалната единица на полицијата, 30 луѓе од ЈП „Национални шуми“ , пожарникари од повеќе градови и секако, месното население. Голема благодарност до сите кои вчера излегоа во голем број и успеавме да ги зачуваме објектите и да ги локализираме жариштата што беа активни. Во овој момент, потенцирам, нема опасност за верските објекти и нема простор за загриженост, подвлече таа.

Горат, главно, трева и нискостеблести растенија, а интервенираат и два авиона. Како што проценуваат од ЈП „Национални шуми“, околу 16.000 километри.

Би можело да ве интересира

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево

Активни се шест пожари на територијата на Македонија