Марина Абрашева избрана за претседател на Основниот суд Струмица

Од:

На денешната седница на Судскиот совет на Република Македонија Марина Абрашева е избрана за претседател на Основниот суд Струмица.

На седницата, како што соопшти Советот, претседателот Бранко Ушковски констатира дека, применуваjќи го мерит системот, на најтранспарентен начин за претседател е избран кандидатот кој ги исполнува условите и критериумите утврдени со Законот за судовите, во постапка и на начин утврдена во Законот и Деловникот за работа на Судскиот совет.

– За претседател е избран кандидат кој покрај другите услови и критериуми во последните две години од страна на Судскиот совет преку АКМИС системот е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другиот кандидат  има добиено најголем број бодови, рече Ушковски и истакна дека сите членови на Судскиот Совет и во иднина ќе продолжат да ги применуваат највисоките европски стандарди и со тоа  континуирано да го надградуваат основното начело, а тоа е, напомена, обезбедување непристрасност и при изборот на претседатели и изборот на судии. 

На денешната седница  Судскиот совет донесе Одлука за објавување оглас за пополнување две слободни судиски места во Вишиот управен суд.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза