Марин: Во декември минатата година граѓаните избраа слобода, на 15 октомври ќе ја изберат повторно!

Од:

„11 октомври е денот кога се поставени основите на македонската државност. Овој празник претставува светол симбол на борбата за слобода. Слобода во која се вткаени животите на бројни храбри македонци. Востанието кое започна како борба против фашизмот стана камен темел за самобитноста и самостојноста на македонскиот народ.

Генерации и генерации ги уживаат придобивките за кои нашите сограѓани ги дадоа животите на 11 октомври. За жал, минатата деценија како држава се оддалечивме од вредностите кои беа ѕвезда водилка на тој голем ден. За среќа пак, и во современа Македонија, мнозинството сѐ уште ги одбира светлите идеали наспроти мрачната опресија. Но, борбата за слобода не е целосно извојувана. Мора одново и одново да се трудиме и да ја одржуваме во живот.

Слободата има многу лица. Ако порано тоа значело да се ослободиш од фашистички окупатор, вчера да се ослободиш од корумпиран режим, денес тоа значи да се ослободиш од неодговорна локална самоуправа која ти го отежнува животот. Секој жител, во секоја општина, заслужува одговорна локална власт која ќе овозможи сите услови за квалитетен живот.
Секој жител ја заслужува слободата да ги развива своите капацитети,токму во сопствената општина.

Нека ни е честит празникот! За многу години!“, изјави Златко Марин, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ