Марин со повик до граѓаните на Аеродром: Општината е во ваши раце, изберете чесна, вредна и одговорна власт!

Од:

„Би сакал да ви се заблагодарам за поддршката и времето кое го издвоивте да ги слушнете нашите идеи и проекти за подобар живот во Аеродром. Оваа недела, судбината на Аеродром ќе биде во ваши раце. Вие одлучувате дали Аеродром ќе остане најзагадена општина во Европа, дали ќе живеете во градежен хаос и сообраќаен метеж или ќе изберете, чиста, модерна и напредна општина.

Токму вие ќе решите дали нашата Општина ќе остане заложник на неодговорна и корумпирана локална власт, или ќе тргне напред со чесно раководство кое ќе работи во интерес на граѓаните. Мои Аеродромци, вашиот глас е многу важен за иднината на нашата Општина. Ве повикувам на 15 октомври, масовно да излезете на гласачките места и јасно да порачате дека сакате подобар живот во својата општина.

Овие избори се шанса општината да се врати онаму каде што припаѓа – во рацете на граѓаните. Токму вашиот глас е важен за подобро утре. Во недела излезете и гласајте за живот во Аеродром!“, рече кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ