Марин: Нова гимназија во општина Аеродром и формирање Центар за возрасни

Од:

Вчера кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Златко Марин и професорот Стево Пендаровски беа на средби со граѓаните околу трговскиот центар Бисер.

Граѓаните уште еднаш ги повторија проблемите и барањата за кои има предвидено решенија во програмата.

Најголемиот капитален проект во овој дел е изградба на новата гимназија Кузман Јосифовскки – Питу и изградба на центар за возрасни лица.

Центарот ќе организира превоз на старите и немоќни лица, снабдување со производи и лекови, намирување на режиските трошоци и прошетки. Планирано е формирање на општинско комунално претпријатие кое хигиена ќе ја одржува на високо ниво. Ќе се постават и подземни контејнери на нови локации, а заедно со град Скопје ќе се обнови и системот за водоснабдување.

Пендаровски ги забележа старите згради по што Марин го запозна со дел од програмата која предвидува замена на дотраената кровна конструкција, со акцент на штетните азбесни кровови на зградите.

За недоволниот капацитет на паркинг места, Марин посочи дека ќе се зголеми паркинг просторот особено околу пазарот, како и дека ќе се регулира пристапот на возила за итни случаи на просторот околу станбените објекти.

Ќе се реконструираат и редовно одржуваат пешачките патеки низ населбата, а за зачувување на јавниот ред и мир во населбата ќе се вратат и уличните полицајци, посочи Марин.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ