Марин најави изградба на мултифункционален културен центар во Аеродром

Од:

Изградба на мултифункционален културен центар со киносала, театар за деца и младинци, библиотека, детско катче и планетариум, најави денеска кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Аеродром, Златко Марин.

Тој изјави дека целта на културниот центар ќе биде да ги промовира културно-забавните и научните вредности во општината.

– Аеродром е млада и современа општина. Сепак, локалната самоуправа досега не овозможи услови за реализација и развој на културни содржини, изјави Марин.

Од другите проекти планирани за урбаната заедница „Јане Сандански“, Марин ги посочи реконструкцијата на старите фасади и ново паркинг решение.

– Ќе конкурираме за дополнителни средства од европски фондови за да се забрза процесот на обновување фасади. Новото паркинг решение ќе овозможи поповолни услови за паркирање за сите жители на Аеродром. Дополнително, ќе го регулираме паркингот и ќе ги зголемиме капацитетите околу салата „Јане Сандански“, маркетот Веро, Т.Ц.„Капитол“ и бензиската „Лукоил“, истакна Марин.

Сите овие проекти, како што рече Марин, се произлезени од остварените средби со граѓаните во предизборниот период.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори