А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Марихуана пронајдена во возило при полициска контрола во Тетовско

by А1он08/10/2013 - 11:33139
Share0

Околу пет килограми непозната тревкаста материја, најверојатно марихуана, пронашла тетовската полиција при синоќешната контрола на автомобил Фиат Ланчија во близина на селото Долно Палчиште, на регионалниот пат Тетово-Пирок, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

Полициската контрола на автомобилот била спроведена околу 21 часот и во него биле возачот Ј.И.(39) од тетовско Камењане и совозачот П.Ѓ.(25) од Дебар.

– При целосниот преглед на возилото во багажникот била пронајдена полиетиленска бела вреќа во која имало пет поголеми пакувања од тревкастата материја, најверојатно марихуана, обвиткани со проѕирна селотејп лента со вкупна тежина од пет килограми. Тие биле одземени за вештачење, а биле подигнати и други траги додека двете лица биле приведени во полиција, изјави Јосифовски.

Со наредба на истражен судија кој заедно со јавен обвинител присуствувал на увидот, возилото е одземено и предадено на крим техника за понатамошна обработка.

Се преземаат мерки и активности за тоа кога, каде и од кого била набавената марихуаната и за каде била намената. По целосното расчистување на случајот ќе има соодветни поднесоци.

drogatetovo

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:03

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски03/03/2026 - 13:1203/03/2026 - 13:40

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:28

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:0923/02/2026 - 14:12

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он21/02/2026 - 11:3021/02/2026 - 11:05

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен