Марихуана и пиштол пронајдени во возило на тетовец

Од:

Mарихуана и пиштол без куршуми пронашла тетовската полиција при контролата на Опел Калибра со тетовски регистарски таблички што била спроведена утринава околу 3 часот информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите инфрмации во паркираниот автомобил на булеварот Маршал Тито се наоѓале В.А.(21) од Тетово и М.Љ.(18) од Косово кој истовремено е и американски државјанин.

Кај косовецот биле пронајдени една зипер кесичка со засега непозната тревкаста материја и една цигара направена од истата материја додека под возачкото седиште бил пронајден пиштол непозната марка и калибар со оштетен сериски број но без куршуми. Одземените предмети ќе се вештачат, двете момчиња се приведени и задржани во полициска станица и по расчистување на сите поединости против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби