Маричиќ: Верувам дека е можен политички договор за изборниот законик

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ на конференцијата за „Изборни реформи во Северна Македонија“ истакна по иницијатива на Министерството за правда сите засегнатите страни седнаа на заедничка маса со цел да се најде модел по кој ќе се направи промената на Изборниот законик. Според него со тоа се дава дополнителна вредност за демократијата и демократските процеси во земјата.

-До сега се одржаа и неколку состаноци и со претставниците на политичките партии, на кои се дебатираше за начинот и динамиката на промена на изборниот модел. Лично сум задоволен што најдовме заеднички јазик, односно сме многу блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Сепак, сега останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел – потенцираше министерот Маричиќ

Според него генерално меѓу сите политички партии има согласност за промена на изборниот модел, но останува предизвик да се разговара за начинот на кој градоначалниците ќе го освојуваат мандатот. Односно дали тоа ќе се направи во прв или пак треба да има и втор круг.

Министерот верува дека партиите ќе продолжат и наредниот период уште поинтензивно и конструктивно да разговараат за ова прашање, бидејќи е од особено значење за државата, но првенствено за самите граѓани.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Мицевски: ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, им пречи дури и прагот од 0,5 отсто

Измените во Изборниот законик не поминаа во Собранието поради Бадентер

Катерина Ѓуровски

Независните да треба да соберат потписи од 0,5 проценти од запишаните избирачи, помина амандманот на Левица

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Препораките од ОБСЕ/ОДИХР се вградени во Изборниот законик, вели Филков