Маричиќ овојпат не го коментира ослободувањето на Мијалков, не се ни повлекува од идната Влада

Од:

Министерот за правда во оставка, Бојан Маричиќ, овојпат за „А1он“ кажа дека не сака да ја коментира одлуката Апелација за ослободувањето на Сашо Мијалков. Ова доаѓа откако двапати претходно преку социјалните мрежи даде свое мислење околу судски одлуки, што за познавачите на правото е мешање во судската власт. Прашан дали повторно ќе претендира да биде министер за правда и во новата Влада, особено откако Сашо Мијалков беше пуштен од Апелација, па тој како министер даде свој коментар на социјалните мрежи, по што Кривичен му одреди притвор за друг предмет, Маричиќ вели: „А зошто би се повлекол? За одлука на Апелација? Не, апсолутно. Прво Владата е оставка, дадена е целосна оставка. Дали и на која функција ќе се вратам ќе одлучи мандатарот“.

„Не можам вака да кажувам, треба да разговарам со мандатарот, да видиме кои се идеите и каде би можел да дадам придонес. И да не е Владата во оставка, нема основа, затоа што ова е одлука на Апелациониот суд и они треба да си објаснат како и зошто ја донеле“, рече Маричиќ за „А1он“, прашан дали би се вратил во Владата повторно како министер за правда.

„Не би коментирал веќе јавно, јас мојот став го кажав пред пет дена. Апелација треба да објасни зошто. Немам информација кои се судиите кои одлучувале овојпат. Дознав од вашиот линк за ослободувањето. Немам што повеќе да искоментирам“, рече Маричиќ, по што на прашањето како минатиот пат знаеше кои се судиите и како одлучиле, тој рече: „Ми јавија луѓе вон судиите таму. Никој ништо сега не ми јавил, дознав од вашиот линк и немам што повеќе да кажам“.

На прашањето дали и натаму смета дека Мијалков може да избега, Маричиќ за „А1он“ посочи: „Немам никаков коментар, се што смета нека објасни судот. И ако имате барање за интервју, бидејќи ова е петто-шесто прашање, па ќе се договориме“.

Инаку, пред пет дена кога Апелација донесе одлука да го ослободи Мијалков од притвор за случајот „Трезор“ со гаранција од 11 милиони евра, Маричиќ одлуката ја прокоментира јавно. По ова, професорот по право Гордан Калајџиев рече дека министерот во оставка ги тера судиите да го кршат законот. Според него, тоа беше повик на линч врз судиите. Извршана директорка на коалицијата „Сите за правично судење“ Натали Петровска, посочи дека е недозволиво министер за правда да изрази незадоволство за судска одлука. Реакциите, според неа, индицираат мешање во судската власт, која е самостојна и независна.

Сашо Мијалков сепак излегува од притвор. Уважена е неговата жалба од Апелација, откако Кривичниот суд му одреди мерка притвор за „Плацови на Водно“. Засега не е познато дали одлучувал истиот состав на Кривичен совет или пак некои од членовите барале место нив да одлучи нивната замена. Сега, затворот „Скопје“ во Шутка треба да ја добие одлуката, по што, веќе вечерва Мијалков треба да биде дома. Одлуката на судиите значи дека тие сметаат дека Мијалков нема да избега ако биде на слобода.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери

Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада

Американскиот помошник-државен секретар О`Брајан пристигна во Скопје