Маричиќ нов министер за правда, Бочварски за транспорт, Османи во надворешни работи: неофицијално познат составот на новата влада

Од:

Пред вечерашните седници на највисоките партиски тела на СДСМ и ДУИ, неофицијално, познати се имињата на членовите на новиот владин кабинет. Во министерствата со кои ќе раководат кадри на СДСМ, досегашната министерка за Труд и социјална политика Мила Царовска се сели во ресорот Образование, додека на нејзината претходна позиција доаѓа Јагода Шахпаска.

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во новата влада ќе биде вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси.

Со Транспорт и врски ќе раководи Благој Бочварски, додека на чело на Министерството правда ќе застане Бојан Маричиќ. Досегашниот министер за Надворешни работи ќе раководи со Секретаријатот за европски прашања, додека Министерството за локална самоуправа ќе го води Горан Милевски. Нова министерка за култура ќе биде Ирена Стефоска. Ресорите Одбрана и  Здравство ќе продолжат да ги водат Радмила Шекеринска и Венко Филипче, а Оливер Спасовски се враќа на позицијата министер за Внатрешни работи.

Како што соопшти лидерот на Беса Билал Касами по попладневната средба на партнерите од коалицијата „Можеме“, оваа партија го добила ресорот Земјоделство, а името на министерот ќе се знае вечерва.

ДУИ во новата влада за првпат ја добива челната позиција во Министерството за надворешни работи, кое ќе го води Бујар Османи. Артан Груби ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими е новиот министер за Финансии, а Насер Нуредини ќе раководи со ресорот Екологија. Партијата не го открива името на министерот за информатичко општество и администрација но неофицијално за ова место се спомнува Ширете Абази. Крешник Бектеши останува на позицијата министер за економија. ДУИ го добива и местото вицепремиер за економски прашања, на кое ќе биде назначен Фатмир Битиќи.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски