Маричиќ и Османи не губат надеж: Амандманите во Собрание до крај на јули со претходен договор со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ очекува Владата да процени кога е најдобар момент да ја пушти иницијативата за уставни имени во Собрание.

– Очекувам владата да процени кога е најдобар момент да ја пушти иницијативата во Собрание. Сметам дека треба да се даде уште неколку дена за дијалог со опозицијата иако е јасно дека тие нема да седнат на маса со нас. Нашата врата ќе остане отворена за дијалог.

Би сакале во текот на летото да ги испратиме амандманите, знаете дека крајниот рок за завршување на комплетната процедура за уставни измени е крајот на ноември.

Краен рок би требало да бид летото, најдоцна во месец јули доколку сакаме да стигнеме во ноември со сите рокови – рече Маричиќ.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пак, смета дека односот на ВМРО-ДПМНЕ е политиканство во однос на уставните измени, но не губи надеж и смета дека има време да се најде консензус со опозицијата.

– Сите други партии во владата бараат алтернативни начини, а СДСМ веќе има работни групи кои ги чекаат колегите од ВМРО-ДПМНЕ. Се до последниот ден ќе се трудиме да постигнеме консензус со нив.

Но, ќе разговараме и поединечно со пратениците кои се повеќе се гласни дека нема да дозволат нивното име да биде впишано во историјата како луѓе кои ја спречиле европската иднина на земјата – рече тој.

Би можело да ве интересира

Маричиќ и Османи од Брисел: Позитивниот моментум за проширување во ЕУ е шанса која Македонија не смее да ја пропушти

Орце Костов

Мицкоски: Техничка влада не е предмет на средбата, уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат

Уставните измени се обврска, процесот не завршува на 31 декември, вели Ковачевски

Горан Наумовски

Османи: Русија, а не западните демократии е причина за проблемите и нестабилноста на регионот

Предраг Петровиќ

Османи-Блинкен: Како стратешки партнери и НАТО сојузници остануваме обединети во поддршката за Украина

ВИДЕО: Османи се пофали со трансформацијата на „Борис Трајковски“ која чинеше 1,8 милиони евра

Катерина Ѓуровски