Маричиќ е министерот за кој Спасовски кажа дека знаел за бегството на Мијалков, два дена пред да се побара притвор

Од:

Бојан Маричиќ е министерот на кого обвинител му кажал дека Сашо Мијалков може да избега. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев, потенцирајќи дека тоа бил неформален разговор. Првпат ваква информација беше соопштена во јавност од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој рече дека не знаел само тој дека Мијалков спрема бегство, туку дека во петокот обвинителите ја имале информација и ја пренеле на министер. Сепак, Заев вели дека во редовите на Владата не се испитува одговорност.

„ЈО е тоа што ги прави истрагите. Имотот на Мијалков сигурно е систематизиран во сите постапки кои веќе се поднесени. Еден дел се во ‘Трезор’, ‘Тортура’, изборите во Струмица. ЈО сигурно има направено класифицирање на имотот на Мијалков. ЈО е примател на информацијата за можно бегство. Покрај министерот за внатрешни работи, информацијата била кажана и на министерот за правда. Тоа бил неформален разговор. Ние во нашите редови не испитуваме одговорност бидејќи можеме да бидеме пристрасни меѓу себе. ЈО е независен дел на работењето на системот, за да ни покаже каде би имало пропусти, ако ги имало“, рече Заев.

Тој и натаму уверува дека одговорност за бегството на Мијалков, ќе има.

„Одговорноста ќе ја има, без разлика што со сите чекори на институциите, Сашо Мијалков беше принуден да го прими решението за притвор. Охрабрив истрагата за евентуална одговорност да продолжи. Знам дека е логично од среда натаму, истрагата да биде распределена кај обвинител. За текот на истрагата, ЈО ќе може да ви каже, бидејќи тие прават истрага за сите чекори на постапката од таа недела, додека не се пријави тој“, рече Заев.

Инаку, во вторникот, на еден час пред Мијалков да се предаде во Обвинителство, министерот Спасовски одговарајќи на новинарско прашање рече: „Знам дека во петокот, кога беа завршните зборови, обвинителите ја знаеле оваа информација и ја пренеле на еден член на Владата дека има можност да има бегство на Сашо Мијалков“. Тој не сакаше да каже кој е тој министер и рече дека има време кога и тоа ќе се дознае.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор