Маргинализирани групи бараат законот за заштита од дискриминација да се донесе пред претседателските избори

Од:

Лицата со попреченост, сиромашните, ЛГБТ заедницата, Ромите и останатите маргинализирани групи на граѓани преку 92 граѓански здруженија бараат итно да се донесе законот за спречување и заштита од дискриминација кој осум месеци чека да влезе во собраниска процедура.

Тие очекуваат дека овој закон ќе помине пред претседателските избори, а доколку тоа не се случи најавија дека ќе продолжат со притисокот во јавноста.

Граѓанските здруженија сметаат дека предрасудите на извесни пратеници во Собранието го попречуваат донесувањето на овој закон со европско знаменце кој е од посебна важност за инклузијата во општеството и граѓанските права.

„Со законот се предвидува и ослободување од плаќање на трошоци за судски такси за граѓаните кои што ќе поведат постапка за дискриминација и се овозоможува тужба за заштита од јавен интерес. Во предлог законот конечно се додадоа сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи на дискриминација, а се проширија и доуредија облиците на дискриминација, експлицитно се препозна сегрегацијата како облик на дискриминација, што е од исклучително значење за Ромите и луѓето со попреченост. Со одолговлекување и блокирање на донесувањето на овој закон, Собранието го загрозува и процесот на европските интеграции“, истакнаа граѓанските организации на денешната прес-конференција пред Собранието.

Од таму велат дека иако претседателот на Комисијата за труд и социјална политика, Влатко Ѓорчев, не го става законот на дневен ред, но претседателот на Собранието, Талат Џафери, има можност да направи привид и да го стави законот на гласање на пленарна седница.

„Иако добивме ветувања од некои пратеници од ДУИ дека ќе го поддржат овој закон, сепак и натаму оние на кои им пречи ЛГБТ заедницата не дозволуваат законот да биде изгласан“, истакнаа организаторите и поддрувачите на седум мрежи на граѓански организации и 92 здруженија и фондации кои ги застапуваат правата на различни групи граѓани кои се соочуваат со дискриминација, како здруженија на Роми, жени, луѓе со попреченост, ЛГБТИ, сиромашни и социјално исклучени граѓани, здруженија на различни групи пациенти, сексуални работници, луѓе што живеат со ХИВ, луѓе што употребуваат дроги, младински организации, мултикултурни здруженија, здруженија кои работат на ЕУ интеграција и се застапуваат за демократизација на општеството во повеќе области.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on