МАНУ одбележува 100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски

Од:

Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ) денеска одбележува 100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски.

Во рамки на одбележување на јубилејот, промовирано ќе биде пригодното издание „100 Години Ѓорѓи Филиповски“ од академик Глигор Јовановски, а прикажан ќе биде и филмот „Приказна од еден век – акадаемик Ѓорѓи Филиповски“.

По поздравниот збор на претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, предвидено е обраќање и на академик Филиповски. За неговиот лик, научниот и наставниот придонес ќе говори проф. д-р Татјана Миткова од Факултетот за земјоделски науки и храна, а пригодна реч ќе има и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска