МАНУ и косовската академија ќе ја интензивираат соработката

Од:

Македонската и косовската академија на науките и уметностите при крајот на септември ќе потпишат спогодба за соработка, а планирано е да биде потпишан и конкретен протокол за соработка.

Ова е договорено на денешната средба во Скопје меѓу раководствата на двете академии предводени од претседателите Владо Камбовски и Хивзи Ислами.

Академик Камбовски по средбата изјави дека протоколот ќе опфати соработка на научно-истражувачки проекти, организирање на научни конференции и соработка на планот на уметничките активности како што се изложби и промоции на книги.

– Најважно е дека денеска разговаравме со нашите пријатели со кои делиме потполно идентични мислења дека улогата на двете академии е да ги надминеме предрасудите што постоеле меѓу нашите општества и да ги отвораме патиштата на науката, културата и уметностите за разбирање, дијалог и пријателство меѓу нашите народи како влог во заедничката иднина, а тоа е Европската унија, изјави Камбовски по средбата со неговиот косовски колега.

Би можело да ве интересира

Одбележани 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски со промоција на изданија на МАНУ

МАНУ: Македонија има потенцијал да стане лидер во рударството во регионот

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Попов: Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование

Камбовски: Прашањата поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамниште на вето и условувања за членство во ЕУ

Грозданов: Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот