МАНУ бира нови членови

Од:

На изборно собрание, Македонската академија на науки и уметности бира нови членови. Академиците ќе гласаат за 34 кандидати. Нивните рецензии, мислења и трудови беа изложени еден месец во архивот на МАНУ.

Според правилата на МАНУ за избор на нови членови, со титулата академик ќе се стекне оној кандидатот што ќе добие најмалку 21 глас, односно мнозинство гласови.

Процедурата за прием на нови членови во МАНУ почна пред два месеца откако девет од 34 кандидати за академици, кои ги предложија институции и здруженија, добија преодни оцени од членовите на шесте одделенија на Академијата.

Најмногу кандидати, 11, има за одделението за уметност, а најмалку, четири, во одделението за природно – математички и биотехнички науки. По осум кандидати има за општествени науки и за лингвистика и литература. По петмина кандидати има за медицинските и за технички науки. Седум кандидати се предложени во по две одделенија.

Меѓу кандидатите кои веќе се објавени од медиумите се споменуваат имињата на правникот Гале Галев, економистот Михаил Петковски, хирургот Зоран Караџов, Нада Поп Јорданова од Клиниката за детски болести, хемичарот Трајче Стафилов и поетот Ефтим Клетников.

Од МАНУ велат, дека е можно изборното собрание да трае и утре.

 

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска