Манојловски: Теута Арифи да каже дали има и кои се новите вработени

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од ВМРО – ДПМНЕ Горан Манојловски денеска на прес – конференција пред зградата на локалната самоуправа укажа на, како што рече, несовесното работење на актуелната градоначалничка Теута Арифи во раководењето со општината и јавните претпријатија во нејзина надлежност.

– Деновиве се врши интезивно чистење на јавните површини низ Тетово за што се ангажирани повеќе нови работници. Ако навистина има нови вработувања и финасиски средства, Арифи треба да одговори кои се, од каде се и врз која основа се ангажирани. Бараме и јавен одговор зошто во истиот момент Општина Тетово доцни со исплатата на палтите за повеќе месеци во јавното комунално претпријатие Тетово и во градски паркинзи. Тетовци нема да го заборават индолентниот однос на гардоначалничката Арифи и нејзиниот кабинет во изминатите четири и пол години. Ваквиот начин на работа претставува потценувачки пристап кон граѓаните на општина Тетово и грубо кршење на изборниот законик, рече Манојловски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?