Манојловски: Имаме предвидено многу проекти за Тетово- да го заокружиме бројот 13 за подобра иднина на сите нас

Од:

Македонија се наоѓа пред нов предизвик, нови локални избори. Сакам да потсетам дека нечие ветување нема рок на траење ни 5 минути, а тетовчани не го заслужуваат и не го забораваат тоа, но ВМРО-ДПМНЕ секогаш е присутна меѓу народот, истакна Горан Манојловски, кандидат за градоначалник во Тетово од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Оваа програма која ја презентираме пред вас е од вас. Оваа програма е реална и издржана. Имаме проект за изградба на постројка за секундарна селекција на отпад во Тетово, со реализацијата на овој проект конечно би се решил повеќегодишниот проблем со загадувањето на средината и воздухот во Тетово, како и решавање на проблемот со транспортот на отпадот на градот. Имаме и проект за изградба на детски градинки во Тетово, опремени по најнови трендови, паралелно е планирано и етапно реконструирање на градинките, како и изградба на повеќе катни гаражи за решавање на горливиот проблем со метежот.

Досегашната градоначалничка, додаде тој, немаше слух да се изгради капелата на православните гробишта, но сега е вметнат овој проект во програмата.

Изградба на забавни детски паркови, игралишта и зелени површини, реконструкција на улици… Ова се само дел од предвидените проекти за следните 4 години кои ги вети Манојловски.

-На 15 октомври да покажеме дека знаеме кој е најдобриот избор, да го заокружиме бројот 13 за подобра иднина на сите нас, подвлече кандадатот за градоначалник на Тетово.

Би можело да ве интересира

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски