Од денеска скопјани нема да можат да уживаат во базенот „Бисер“, или познат и како „воен“ базен.
Досегашниот закупец, Александар Маниќ, објаснува дека базенот го земал во 2001 година, бидејќи не бил во функција 7 години.
„Од кога е земен, една личност, бизнис новинар, не можеше да го преболи тоа, тоа е Драган Павловиќ Латас, од Сител и Вечер, и овие 11 години со задоволство им објаснував на луѓето дека не е во право“, објаснува Маниќ.
Маниќ напишал дека на базенот, научиле да пливаат преку 3.000 деца, и овие години ниту едно државно првенство во пливање и ватерполо не се наплатени. Пливачката федерација, вели Маниќ, не сака да плаќа за други базени, бидејќи, според него сакаат да направат „аванта“ и да бараат пари. Базенот бесплатно го користеле припадниците на АРМ, МВР и деца со посебни потреби.
Досегашниот закупец потестува дека влезницата била најефтина, 100 и 50 денари и очигледно, констатира, ова пречело некому. Посочува дека за овие десет години, немале ниту една казна од Пазарна инспекција, ниту пак од Управа за приходи и Санитарна инспекција.
Базнот, вели, го предал во функционална состоја. Прашува зошто не почекале барем 30 дена за да се одржат закажаните турнири во ватерполо и пливање.
„Драги аеродромци, очекувајте Латасленд со карта од 500 денари и станете елита на ова општество со вакви болни луѓе“, пишува на својот профил Александар Маниќ.