• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Манчевски за денеска најави први резултати по реакциите за непотизам

by А1он19/02/2019 - 14:54326
Share0

Министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски за денеска најави први резултати по реакциите во јавноста за случаи на непотизам со вработувања во институциите на лица блиси до функционерите на власта.

Добивај вести на вибер

– Ќе се повлечат луѓето, првите резултати ќе ги видите денеска, но да оставиме тоа да бидат конкретни чекори најавени од самите луѓе во овој прпецс, рече Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за разбирање за поевтин роаминг со Грција.

Тој најави дека многу бргу Владата ќе го презентира законот за високораководна служба, што, како што рече, ќе овозможи деполитизација на менаџерските позиции и ќе значи и гаранција за процесите за вработување и за изборот на луѓе.

Манчевски појасни дека изборот ќе го врши комисија со претставници и од институцијата, но и надвор од нив и оти ќе се оди чекор понатаму од концептот со формирањето на Комисијата што ги избираше членовите на Антикорупциската комисија.

– Одиме дури и чекор понатаму. Не на пример како што беше изборот на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата каде имаше четворица претставници од Собранието и тројца од надвор. Во оваа комисија ќе бидат подеднакво, ако не и во мнозинство, лицата кои се надвор од институциите. Тие ќе го прават рангирањето и ќе достават листа од најдобрите три или пет кандидати, наведе Манчевски.

Како што најави, по завршување на претседателските избори треба да се воведе и ограничување на бројот на лица кои може да бидат вработени на определено време.

– Оваа работа ќе почне да се разрешува денеска, а законските решенија ќе влезат во процедура. До крај на изборите имаме забрана за секаков вид вработувања така што тоа ни дава доволно време да го поставиме системот и законите за да бидат во сила веднаш кога ќе завршат изборите, изјави Манчевски.

mancevski

Би можело да ве интересира

Македонија и Косово заедно ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

Сандра Бошковска14/02/2019 - 16:45

ВИДЕО: МИОА, МП и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Сандра Бошковска11/02/2019 - 14:52

Манчевски и Поповски ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите

Наум Локоски30/01/2019 - 16:23

(ВИДЕО) Манчевски: Ќе се бираат заменици директори само на 12 претпријатија формирани од Владата

Наум Локоски28/12/2018 - 14:0828/12/2018 - 16:04

Промовиран нов портал за отворени податоци на институциите

Наум Локоски24/12/2018 - 13:34

Македонија го презеде претседателството со Регионалната школа за јавна администрација за 2019-та година

Наум Локоски21/11/2018 - 16:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен