Манчевски: Последното соопштение на КСС е класичен пример на лажни вести

Од:

Mинистерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска соопшти дека последното соопштение објавено од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) е класичен пример на лажни вести.

– Имав прилика да го видам соопштението од КСС и можам да кажам дека се работи за класичен пример на лажни вести. Со ова последно соопштение што го објави КСС и особено со речникот што го користеа, се покажа дека станува збор за синдикална организација која е дел од мрежата на ширење на лажни вести, а каде изворот за овие лажни вести е ВМРО-ДПМНЕ, рече на денешната прес-конференција Манчевски одговарајќи на новинрско прашање.

Прашан дали се разгледува предлогот на претседателот на СДСМ Зоран Заев за намалување на платите на 14.500 денари додека трае корона кризата, Манчевски рече дека Владата многу брзо, најверојатно на утрешната седница ќе донесе дел од мерките за помош на вработените во приватниот и во јавниот сектор.

– Ова е еден од предлозите. Владата се уште го разгледува и ќе се произнесе во однос на тоа, посочи Манчевски.

Министерот Манчевски информира дека дозволите за движење за време на полициски час за медиумските работници се трајни.

– Со оглед на тоа што увидовме дека добро фукнционира системот на овие издадени дозоволи и дека навистина медиумите се придружуваат до она што беше договорено. Да се користат само за потреби на нивните репортерски екипи и затоа одлучивме и за да го растовариме системот на добивање дозволи, овие дозволи за медиумските работници се трајни, рече Манчевски. Изрази надеж дека и понатаму медиумските работници ќе ги користат коректно и за потребите на својата служба.

Прашан дали и во колкава мера ќе се крати на лиценци за софтвер во јавната администрација и за државниот апарат, министерот Манчевски рече дека сега се прават анализи.

– Не се работи само за лиценци и за софтвер. Се работи за целосна прераспределба на средства во буџетот. Навистина ова е една голема економска и финансиска криза со која се соочуваме и ќе се соочиме. И сите ќе треба солидарно да го поднесеме товарот, рече Манчевски. Најави дека ќе излезат со повеќе информации и конкретни анализи во следните денови.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски