Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

Од:

„СДС вчера уште еднаш потврди дека е истата онаа партија на Зоран Заев, која го прогласи Гоце Делчев за Бугарин, а македонскиот јазик, за бугарски. Со што Бугарија го задолжи СДС, за вака понизно и само понижувачки да мора да ја бранат? Со што и за што Бугарија раководството на СДС и нивните сиви еминенции го држи?“ прашува денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, „И покрај јавните изјави на ЕУ и на бугарското раководство, СДС слепо ги брани бугарските позиции со срамни изјави на понижување на сопствениот народ и држава“.

„Нема бугарски политичар кој не стави јасно до знаење дека Бугарија планира да ја бомбардира Македонија со нови барања, само СДС се однесуваат како ништо да не слушнале, ниту виделе. Очајно и мизерно е колку СДС можат да го пробијат секое дно, само за да ѝ се допаднат на Бугарија, но останува да лебди прашањето – Зошто? Што е тоа што ги тера во СДС да се понижуваат и да ја понижуваат државата? До кога ќе ги рушат нашите позиции, и до кога ќе ја срамат државата?“ прашува Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?