Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Од:

СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори.

СДС не да нема понуда, туку се во тотална паника од сигурниот пораз кој ги чека на 19ти октомври во Струмица.

СДС се свесни дека сите криминали кои ги правеле со години ќе се откријат и се плашат од тоа, рече на прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

youtube.com/watch?v=RrO9MEArXLI&feature=youtu.be

СДС во Струмица шири страв и паника меѓу жителите, затоа што крајот на нивното владеење се ближи.

Во недостиг на квалитетни кадри, тие нудат луѓе кои се со сомнително минато, полни со кривични пријави, насилници и силеџии.

Да се потсетиме на видеото, каде што кандидатите за советници на СДС во Струмица крвнички тепаат туристи.

Ова не смее да биде повеќе сликата за Струмица. За вакви насилници не смее да има место во Струмица.

На народот во Струмица му е доста од локални шерифи и тепачи. Струмичани сакаат вистински промени, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат