Манасиевски: Eврокомесарката Кос потврди дека нема гаранции дека ова се последните бугарски барања

Од:

Димитар Ковачевски како премиер и претседател на СДС тврдеше дека уставните измени се последна пречка за влез на Македонија во ЕУ. СДС водеше кампања со која не убедуваше дека само што не сме влегле во ЕУ, а пречка за тоа се уставните измени, после кои се ќе се смени, рече членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

– ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш кажа дека СДС, Ковачевски, Маричиќ, Зечевиќ и Османи лажат. И дека уставните измени се само почеток на бугарските барања. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше, сега го кажаа и од ЕУ, односно еврокомесарката Марта Кос, потврди дека нема гаранции дека ова се последните бугарски барања. Еврокомесарката Кос кажа дека не може да потврди дека нема да има нови блокади заради билатерални прашања. Каде се СДС сега? Каде се сокрија? Откако ја доведоа државата во безизлезна ситуација тие се кријат и молчат, вели Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Марта Кос: Без безбедна Украина, нема безбедна Европа