Малолетник уапсен во Скопје – нападнал и ограбил друг малолетник

Од:

Малолетно лице вчера е уапсено од страна на полицијата од Полициската станица Центар.

Малолетникот физички нападнал и ограбил друг малолетник. Според МВР малолетникот пред полноќ на улицата „Костурски херои“ го нападнал момчето и му одзел пари, но полицијата веднаш го пронашла и одземените пари се вратени на сопственикот, а сторителот е приведен.

Во соопштението од МВР се вели:

„На 18.06.2023 во 23.30 часот на ул.„Костурски херои“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека околу 23.10 часот на бул.„Илинден“ со употреба на физичка сила одзел пари од друг малолетник од Скопје.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Би можело да ве интересира

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Малолетник почина од струен удар – се обиде да ја земе електронската цигара која му падна на шините во метро

А1он