Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Куманово

Од:

Малолетник вчера е повреден во сообраќајка во Куманово, извести денеска полицијата.

Од МВр велат дека околу 18 часот е пријавено дека на крак од улицата „11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „ауди“ управувано од С.Р.(35) од Куманово, удрило во малолетен пешак.

Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка близу „Стража“, има повредени

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски