Малите партии го доставија Законот за една изборна единица: Време е да се урнe еднопартискиот монопол кој владее 30 години

Од:

Пратеници од Демократскиот Сојуз, Левица, ВМРО Народна партија, Партија за движење на Турците и пратеникот Панчо Минов го ставија својот потпис на предлог Законот за измени и дополнување на Изборниот законик со кој се предлага Македонија да стане една изборна единица. Со измените на Законот се предвидува да биде запазен пропорционалнот модел, без изборен праг, а пресметката за влез на избраните пратеници да се врши по Донтов модел. Засега зад измените за една изборна единица поддршка даваат околу 20 пратеници рече претседателот на Демократски Сојуз Павле Павле Трајанов и најави дека во следниот период очекува бројот на пратениците кои ќе го поддржат да се зголемува.

“Со измените на Изборниот законик, дефинитивно се демонтира еднопартискиот систем, се руши монополот на партиите кои 30 години владеат во државата, се создаваат услови за системски промени, развој на демократијата, борба против криминалот и корупцијата. Законот ќе овозможи одраз на волјата на граѓаните и основа за промени”порача Трајанов на прес – конференција од Собранието.

Трајанов додава дека овој пат процесот ќе го туркаат до крај и при тоа побара СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да го подржат кои начелно се изјасниле дека се за.

” Тие имаат некоја работна група и таму ги усогласуваат ставовите и околу оваа прашање. Сакам да верувам во нивните намери за промени, затоа што се инсистира овој закон да го донесеме со консензус. Но, како и да има 34 пратеници кои се од малите партии без оглед во која коалиција се во Собранието и ако бидеме единствени можеме да извршиме посилен притисок. Нашата заложба е да има широк опфат на учесници и да биде поддржан и од опозицијата првенствено”, додаде Трајанов.

Меѓу пратениците кои застанаа зад Законот се и пратениците на Левица, при што Димитар Апасиев најави дека ќе дадат поддршка бидејќи според него со постоечкиот изборен модел ова партија изгубила три пратеници.
Како што најавија предлагичите за измените на законот поддршка ветиле и од партијата Беса, а очекуваат подршка и од пратеници на Алтернатива на Африм Гаши.

Би можело да ве интересира

Собрание: Привременото одложување на активностите беше гест на почит кон трагедијата во Кочани

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Собранието консензуално одлучи да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица

Горан Наумовски

Левица: Собранието е на платен одмор додека народот бара одговори

Собраниската комисија за социјална политика останува блокирана, седницата треба да продолжи по паузата

Власта се обидува да ја одблокира Комисијата за социјална политика за да ги истурка измените на Законот за пензиско осигурување

Пратеничката на „Влен“, Имрлије Сали-Фетаи ќе претседава денеска со Комисијата за социјална политика